ЈЕА ги кани сите млади луѓе и младински работници да учествуваат на првиот CryptoParty во Македонија!

CryptoParty е светски грасрут концепт кој ја запознава јавноста со основите на практична криптографијa, односно работи на подигање на свеста за личната безбедност и основни права при користење на интернетот. Нашиот тим ја организира првата работилница од овој тип со цел да споделиме повеќе практични алатки кои придонесуваат кон зголемување на безбедноста на младите, кои се и најголемите корисници на овој виртуелен свет.

Работилницата ќе се одржи на 04.11.2019 год. од 15:30 до 19ч во Граѓански ресурсен центар, а ќе опфати 20 млади луѓе и младински работници од Скопје. Таа ќе биде бесплатна, но поради ограничениот број на места ЗАДОЛЖИТЕЛНО мора да се изврши регистрација на линкот наведен подолу, при што ќе бидете контактирани од нашиот тим неколку дена пред настанот.

Таа е дел од втората фаза на Еразмус+ проектот “Security 101”, кој започна со тренинг курс во Грузија од 14-22.09.2019 година, а ќе заврши со креирање на прирачник за зголемување на сајбер безбедноста на младинските работници во Норвешка на почетокот на декември. Дополнително, таа ќе биде проследена и со онлајн кампања која е во склоп со European Cybersecurity Month.

НАПОМЕНА: Задолжително да се понесе сопствен лап топ, најпогодно со Windows поддршка, за практична имплементација на материјалот кој ќе се сподели!

ДАТА И ВРЕМЕ: 04.11.2019 || 15:30 – 19 часот
МЕСТО: Граѓански Ресурсен Центар, Скопје

КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 01.11.2019 год.

GET IN TOUCH, LIKE OUR FB PAGE:

Phone

+389 75 203104

Mail

info@yea.mk

@YEAMKD

@YEAMKD

Youth Empowerment Association - YEA

YOUTH EMPOWERMENT ASSOCIATION © 2018

Close Menu