Проектот „Стартап генерација“ е наменет да влијае на развојот на претприемачкиот и иновативниот начин на размислување кај младите луѓе како една од клучните цели на Асоцијација за младинско зајакнување, преку што директно ќе се дејствува на намалување на високата младинска невработеност на национално ниво.

Во текот на програмата ќе се опфатат две категории на млади, односно 16 средношколци и студенти. Програмата ќе го опфати целокупниот бизнис циклус од креирањето и развивање на идеите на учесниците до крајното лансирање на идеата на пазарот, а ќе се стави и посебен акцент на развивањето на нивните меки вештини како тимска работа, критичко размислување и комуникациски вештини.

Сите трошоци поврзани со проектот се покриени од Агенција за млади и спорт и Асоцијација за младинско зајакнување. За сите останати прашања контактирајте нè на info@yea.mk.


ДАТИ: 18 – 20/12/2020
МЕСТО: Онлајн
ПРОФИЛ НА УЧЕСНИЦИ: 16 средношколци и студенти

КРАЕН РОК ЗА АПЛИКАЦИЈА: 16/12/2020 год.