Асоцијација за младинско зајакнување отвара повик за 15 млади луѓе од Македонија за младински камп на тема на екологија, култура и спорт на Сребрено езеро во Велико Градиште, Србија во период од 4 до 13 јули 2024.

Кампот ќе се состои од три модула, односно камп за екологија, култура и спорт. Учесниците во апликацискиот формулар имаат можност да изберат дали ќе земат учество на еден или повеќе модули во целиот период.

Првиот еколошки камп ќе трае од 4 до 7 јули, а за време на истиот учесниците ќе може да научат повеќе за еко активизам преку серија на предавања и работилници, како и да го посетат Националниот парк Џердап.

Вториот камп на тема култура ќе се одвива од 7 до 10 јули и ќе опфати повеќе елементи од српската култура и знамености во околината на регионот на Велико Градиште.

Третиот спортски камп ќе биде во период од 10 до 13 јули. Тој ќе опфати поголем број на спортски активности и активности во природа.

Сите трошоци за време на проектот (сместување, храна, работилници) се покриени од Општина Велико Градиште. За сите дополнителни прашања контактирајте не на info@yea.mk или пак преку нашите канали на социјалните медиуми.

 

Датум: 04-13.07.2024
Локација: Сребрено езеро, Србија
Профил на учесници: 15 млади луѓе
Котизација: 800 MKD*

ПРОГРАМА

КРАЕН РОК: 21/06/2024

* Котизацијата ќе биде наплатена само доколку сте избрани за учесник на проектот.