Од почетокот на оваа година, заедно со нашите партнери Forum for Educational Change – FECH и IDUEP Institute работевме на анализа за состојбата со дигитализација на македонските државни универзитети. Преку инклузивен процес каде ги вклучивме сите релевантни чинители, успеавме да изработиме публикација која содржи голем број конкретни мерки и предлози за дигитална трансформација на образовниот процес.

Првиот панел опфати отворена дискусија на институционалните претставници од министерствата и универзитетите со студентите за нивните образовни потреби и проблеми. На вториот панел, кој беше модериран од страна на нашата претседателка Мила Младенова, гости ни беа претседателите на универзитетските студентски собранија при УКИМ, УГД и УКЛО, кои споделија свои видувања за процесот на дигитализација, како и добри практики и искуства на своите универзитети.

На крајот, потпишавме декларација со 8 заложби за унапредување и олеснување на студирањето, како и справување со предизвиците што ги носи 21 век. Оттука, заедно со нашите партнери се обврзуваме да соработуваме со цел оваа визија да стане реалност!

Преземи ја публикацијата на македонски или албански јазик.


We are thrilled to announce the launch of Youth Empowerment Office – YEO for our 2nd birthday!

YEO will present a new open space for empowerment of youngsters in the region of Skopje through using non-formal education as a tool to produce educational activities & workshops that will be focused on developing the main objectives of Youth Empowerment Association.

Location: Str. 1612 No. 5/14, Municipality of Aerodrom, Skopje