Youth Empowerment Association отвора повик за 6 млади студенти/наставници (18-27 години) по македонски јазик, математика и психологија за Еразмус+ проектот “Smart learn: The magic of numbers and letters”. Станува збор за долгорочен Еразмус+ проект кој има за цел да ја подигне свеста кај младите наставници во основното образование за важноста на иновативните методи во образованието како и промоција на дигиталните вештини.
Одговорности на избраните учесници:
• Соработка со тимовите од другите држави;
• Редовно учество на онлајн-состаноци;
• Да се идентификуваат темите кои треба да бидат опфатени во курикулумот;
• Развој на идентификуваните теми со фокус на неформално образование;
• Подготовка на методологии и практики;
• Подготовка на онлајн прирачници;
• Фидбек за применетите практики;
• Креирање содржина за социјални медиуми и вебсајт на проектот;
• Учество на меѓународна мобилност во Турција (2024 година);
• Учество на меѓународна мобилност во Хрватска (2024 година).
Сите трошоци во текот на проектот (сместување, храна, работилници) како и патните трошоци се покриени од програмата Еразмус+ на Европската Унија. За дополнителни прашања контактирајте не на info@yea.mk.
Локација: Турција, Хрватска
Профил на учесници: 6 млади студенти/наставници
Котизација: 1,200 MKD*
