Проектот „Youth worker in debate“ е долгорочен проект за размена на добри практики во младинскиот сектор, како дел од Еразмус+ програмата. Овој проект ќе промовира методи кои придонесуваат унапредување на квалитетот на младинска работа преку дебатната методологија, како и зајакнување на капацитетите на младите луѓе преку развивање на критичко размислување и користење на неформални методи со крајна цел да станат активни граѓани и дел од секој важен процес во општеството.

Овие работилници се дел од втората фаза од проектот, во кој треба да се опфатат 16 млади луѓе од Македонија на возраст од 17 до 21 година, кои ќе земат учество на 3 работилници од март до декември 2020 година. Во текот на трите работилници, младите ќе научат повеќе за различни стилови на дебатирање, како да распознаваат лажни вести преку критичко размислување, но и можност да дебатираат. Учесниците ќе бидат обучени од младински работници кои учествуваа на интернационална обука во Торино, Италија каде научија како да го пренесат знаењето на младите луѓе во нивните локални заедници.

Дополнително, по завршување на локалните работилници, младинските работници заедно со 8 учесници од групата ќе земат учество на интернационална мобилност во Солун, Грција во текот на февруари/март 2021 година, каде ќе се опфатат голем број на теми преку користење на неформалната методологија, а учество ќе земат и нивни врсници од Грција и Италија.

Сите трошоци поврзани со проектот, заклучно со мобилноста во Грција, се покриени од Еразмус+ програмата на Европската Унија. Само избраните учесници ќе бидат известени, а за сите дополнителни прашања контактирајте нè на info@yea.mk.

 


ПРОФИЛ НА УЧЕСНИЦИ: 16 млади луѓе од Македонија на возраст од 17 до 21 год.
ДАТA: 3 работилници (март, септември, декември)
МЕСТО: Youth Empowerment Office – YEO, Скопје

КРАЕН РОК ЗА АПЛИКАЦИЈА: 01.03.2020 год.

Close Menu