Youth Empowerment Association – YEA е организација која што се залага за градење на капацитети кај младите преку методи на неформално образование, со цел да им се овозможи полесно справувaње со личните и професионалните предизвици.

За да можеме на што повеќе млади луѓе да им овозможиме учество во работилници, обуки, семинари и проекти, би го повикале секој заинтересиран да ја пополни оваа кратка пријава за да биде константно информиран за нашите активности, како и тоа да има шанса да земе активно учество во нив.

Со пополнување на овој формулар ќе влезете во базата на членови која ќе ви овозможи редовно и навремено добивање на известувања за претстојните активности, како и можност да се вклучите во некои идни настани кои се од ваш личен интерес.

Краен рок: 29.12.2018 год.
Линк до апликацијата: 
https://bit.ly/2R5bZiy